На попуст!

Црна како абонос

350.00 ден 250.00 ден

Категории: , Автор:

Опис

Во приказните, исто како и во вистинскиот живот, сѐ што е скриено сака да биде најдено. Клучот чекаше повторно да биде допрен и да го отвори ковчегот. Чекаше стрпливо, неподвижно и немо. Наскоро ќе чукне неговиот час. По возбудливото лето во Прага, Лумики Андерсон се враќа во Финска, во својата престижна уметничка школа. Добива главна улога во училишната театарска претстава, современа адаптација на Снежана и се соочува со нов предизвик – Сампса, младичот што ја игра улогата на ловецот, неодоливо ја привлекува и во неа буди дилема за тоа што и кого всушност го сака.
И токму кога се чини дека полека сѐ се враќа на своето место, Лумики почнува да добива страшни љубовни пораки, чии што злокобни најави не може да ги игнорира. Кога таинствениот прогонувач го најавува остварувањето на своите закани на премиерата на претставата, Лумики е свесна дека мора да открие кој се крие зад маската и по секоја цена мора да го спречи најлошото. „Има ли Лумики некаква шанса да ги заштити своите најмили од непријателите чие срце е црно како абонос?

„Како кревка снегулка, оваа приказна насликана со црвена, бела и црна палета на бои, сјае со ледено волшепство“ – Киркус ривјус

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Црна како абонос”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...