Точка на враќање

(1 коментар од читатели)

199.00 ден

Опис

Дали несреќата е само за да се разбере среќата?
Дали доброто е несфатливо без злото?

Кога животот е даден на подарок, и тоа по втор пат се чини лесно се стига до одговорот на ова навидум едноставно, но загатливо прашање. Така е и со овој топол, интимен животен запис, кој се чита во еден здив. Во него авторката нема намера да теоритизира за смислата на постоењето, ниту да суди и осудува. Едноставно се обидува да ја претстави горчливата страна на животот, која преку лично доживеаната трагедија, ја втурнува до самиот раб. А таму, на работ е соочена само со точката-без враќање или на враќање.
Влезете во нејзиниот свет и „слушнете“ како ви ја раскажува својата животна приказна искрено, со близок и непосреден однос, како на пријател. За возврат, нуди само едноставни нешта кои можеби се помалку познати на денешниот човек-искреност, чесност, топло срце и срдечно подадена рака.

Дополнителни информации

Година на издавање

2021

Димензии

107х170

ИСБН

978-608-253-143-4

Корица

мека

Број на страници

184

1 коментар за Точка на враќање

  1. Магдалена Јаневска (verified owner)

Add a review

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...