Телурија

350.00 ден

Опис

Штотуку завршената нова голема војна и ослободувањето на Европа од вахабитско-талибанското ропство, не довело до обединување, туку до создавање на низа нови државички и подигнување на нови ѕидови. По војната секој сака да живее по свое, во среќа и задоволство. Во секоја државичка постои поинакво општествено уредување, а жителите во секоја од нив, од Атлантикот до Пацификот, како оние што живеат во „демократии“, така и оние што живеат во „деспотии“, богатите и сиромашните, луѓето со вообичаен стас, но и малите, оние со глави што личат на кучешки, антропоморфните суштества создадени во лаборатории, силно го посакуваат она што тој, најдобриот од сите светови, човекот не може да му го пружи: сите чезнат по новите „хоризонти на надеж“, жедни се за телурот кој како „божествен скалпел нурнува во мозоците на милиони луѓе… ги шири границите на човечкото и влева сигурност во Минатото, Сегашноста и Иднината.“

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Телурија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *