Сè поради еден војвода

430 ден

Категорија Ознака:

Опис

Во Лондон сите знаат дека Бајронови е „лудо, лошо и опасно да ги познавате“. Но, сега и за најстариот син дојде времето за брак… Едвард Бајрон, војводата од Клајбурн, има сè што на еден припадник од високите кругови му треба: титула, богатство, углед… Сѐ освен невеста. Должноста бара да се ожени во бракот што многу одамна го договори неговиот татко. Леди Клер Марсден мечтае за Едвард уште од своето детство. Но, откако го слушна рамнодушниот предлог на Едвард за нивниот договорен брак, Клер не е сигурна дека треба да се венча со војводата по кој лудуваат сите благороднички во Лондон и пошироко. Токму поради тоа започнува сопствена битка и дава неверојатен отпор учејќи го Едвард една важна лекција: за да добие невеста, прво ќе мора да ѝ го подари срцето. Едвард, постојано ја заведува со своите подароци, допири и љубовни предигри, ама не претпоставува уште што сѐ ќе треба да стори и жртвува за да го освои и нејзиното срце. И во ова свое дело, авторката Трејси Ен Ворен (Tracy Anne Warren), не се воздржува работите во љубовта и сексот да ги опише со нивното вистинско име, како што тоа беше во веќе објавените хитови – историските љубовни романи „Сѐ поради еден бакнеж“ и „Сѐ поради еден допир“. „Дарбата на Трејси Ен Ворен за создавање на многу секси, трогателни љубовни стории ќе ги воодушеви читателите.“ – Romantic Times Book Reviews „Ги надминува повеќето класични и современи романси што сум ги прочитала. Заразна. Книгава не ја испуштив од рака.“ − Џеклин Ц., Eclectic Book

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Сè поради еден војвода”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *