ново

Сѐ поради една љубов

430 ден

Опис

На сите им е познато дека браќата Бајрон се „луди, лоши и
опасни“. Сега и нивната сестра, леди Малори Бајрон, ќе стане
предмет на озборувања во високите кругови.
Соочена со трагичната загуба, утеха пронаоѓа во семејниот
пријател, грофот Грешам, кој што е познат и многу омилен кај
лондонските дами. Утехата набрзо ќе се претвори во страст, скандал
и на крајот во венчавка. Во брачниот кревет Малори ќе пронајде
уживање за какво што не сонувала ни во најлудите соништа. Но,
можат ли ноќите преполни со пријателство, страст и секс да се
претворат во вистинска љубов? Шармантниот заводник Адам, веќе
со години тајно ја сака Малори. Еднаш веќе ја загуби поради друг
маж, ама сега добива втора шанса да ја добие нејзината љубов – и
планира тоа да го постигне по секоја цена. Дали срцето на Малори
ќе му го подари она што толку го посакува?
Современата авторка на историски љубовни романи, бестселери,
Трејси Ен Ворен, на нашите читатели им е добро позната по
популарните историските љубовни романси – „Сè поради еден
бакнеж“, „Сè поради еден допир“ и „Сè поради еден војвода“.
„Исклучителната нарација на Трејси Ен Ворен и забавниот
пресврт во животот на еден член на фамилијата Бајронови ќе
обезбеди оваа единствена и освежувачка сторија да стане хит меѓу
љубителите на историски романси.“
Bookbinge blog
„Страсна романса за чиј што среќен завршеток ќе навивате со
целото срце.“
Goodreads
„Вештината на авторката да создаде многу секси, трогателни
романси ќе ги привлече читателите – и ќе им обезбеди уживање да
читаат цела ноќ.“
Romantic Times BOOK reviews

Дополнителни информации

Година на издавање

2022

Димензии

140×205

ИСБН

978-608-253-202-8

Корица

мека

Број на страници

384

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Сѐ поради една љубов”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...