На попуст!

Солитерот титаник

200.00 ден 150.00 ден

Опис

Дали се сеќавате на едно време кога сѐ беше така едноставно, безгрижно, а поради тоа и убаво? А потоа како кула од карти сѐ се растури за миг. „…Солитерот Титаник е хумористичен роман, би се рекло и ведра урбана утопија за станарите на еден облакодер во Тузла, во временска рамка од предвоените до повоените години, што младиот писател Алмир Алиќ (1970) го кандидира за врвен босански автор. Како што солитерот, станбената кула вистински и симболично се самоурива, така и предвоената идила на урбаното секојдневие се троши во воените, особено во повоените егзистенции на неколку ликови. Младиот наратор е сведок на недосонувани соништа на своите врсници, невини утопии на постарите што ги поттурнува секојдневниот живот, изгубените идеали како пангенерациско обележје, ама и повторно откриените чувства дека животот, и покрај сè, има смисла. Различните нараторски ракурси многу често ги заменуваат духовити секвенци и динамични дијалози…“ (Извадок од поговорот на издавачот ВБЗ – Загреб)

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Солитерот титаник”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *