Смртта нема сенка

300.00 ден

Распродадена

Опис

Имињата и настаните се вистинити…
Филиз е млада девојка која учи во училиштето во Чорум, Анадолија. Во истото училиште работи и младиот професор Аднан. Еден поглед или еден момент некогаш можат да траат цела вечност. Аднан Бинјазар, во најситни емотивни детали ни ја раскажува тажната автобиографска љубовна сторија за судбината на починатата сопруга Филиз.
Непреболена љубов, исполнета со тага, болка и неисполнети очекувања. Дарот на љубовта е голем, само што губењето причинува многу поголема болка од радоста на дарот.
Емотивната лирска и лична приказна, не го спречува авторот да го покаже своето мајсторство и во романот да ги вткае и опи­ше општествените прилики во татковината, во Берлин, Коста Брава во Шпанија, Белград и да го долови духот на времето и луѓето кои живеат во овие места…
Во книгата е споделено и едно искуство, медицински и домашни методи на лекување во долгата и макотрпна психофизичка борба со најпокосната болест на модерното време – канцерот.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Смртта нема сенка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...