Рецепт за осамени срца

300.00 ден

Распродадена

Опис

ТРИ ВОЛШЕБНИ ГРАДОВИ… ПАРИЗ, ИСТАНБУЛ И ЊУЈОРК ПОМЕШАНО СО СОСТОЈКИ И РЕЦЕПТИ НА ВКУСНА ХРАНА КОЈА СЛУЖИ КАКО ЛЕК ЗА ГОРКИТЕ РАЗОЧАРУВАЊА. ТРИ РАЗЛИЧНИ СУДБИНИ, ХРАБРО СЕ СООЧУВААТ СО ЉУБОВТА, ОСАМЕНОСТА И СЕМЕЈНИТЕ ПРОБЛЕМИ.

Париз Марк е човек што не знае ни јајце да свари. По смртта на сопругата, целосно се посветува на специјалитетите од француската кујна и успева толку совршено да приготви гала вечера, што почнува да се чувствува енергијата на Клара. Марк почнува да ја живее својата втора младост, запознавајќи ја Сабина.

Ојку живее во Париз и таму ја пронаоѓа својата љубов. Нејзината мајка Ферда, која живее во Истанбул размислува дали зетот ќе дојде со гондола да ја запроси Ојку. Ферда има мачна семејна судбина со нејзината мајка на која постојано и се преплетуваат сонот и јавето, сеќавањата и стварноста. Њујорк Лилија се буди едно утро и открива дека четириесетте години поминати со нејзиниот, сега шлогиран маж, ги изеле оние дваесет младешки и среќни години поминати на Филипини.

Чувствителна приказна, која ни покажува како мирисот и царството на добра храна може да ја победи осаменоста.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Рецепт за осамени срца”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *