Равенка на стравот

(1 коментар од читатели)

300.00 ден

Опис

Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета од мрачниот тунел на Ернесто Сабато, тогаш го добивате егзистенцијалниот и психолошки профил на Калина – млада, талентирана сликарка, чие учество на ликовната колонија во луксузната вила на уметникот Емилијан Де Ремарос, во Сиена, ненадејно ќе се претвори во длабока животна драма на себеоткривање, себеспознавање и борба со сопствените пороци. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа. Како што раката на сликарот вешто ги нанесува боите врз белото платно, така раскажувачот создава магично-синестезичен свет од бои, звуци, мисли, перцепции, во кој сепак, последниот збор ѝ е посветен на љубовта.
Трајче Стамески

Романот „Равенка на стравот“ е приказна-сведоштво за творечката еволуција на младата Верица Мукоска, како во насока на изградба на движењето и концизноста на мислата и нејзиниот јазичен израз, така и во поглед на кристализација на самите наративи, на две приказни – во Сиена и во Љубаништа, кои се надоврзуваат како голема и мала премиса.
Стефан Марковски

Дополнителни информации

Година на издавање

2021

Димензии

140×205

ИСБН

978-608-253-161-8

Корица

мека

Број на страници

178

1 коментар за Равенка на стравот

  1. Biljana Martinovska

    „Кога срцето зборува, се раѓа поезија, а кога срцето и душата зборуваат се раѓа уметноста“ ќе запише нашата Верица Мукоска во своето најново книжевно остварување „Равенка на стравот“.
    Во романот „Равенка на стравот“ таа допира теми кои му се можеби помалку познати на човекот, но од друга страна и се` повеќе присутни во секојдневниот живот.
    Романот е напишан во современ стил, со убаво изградена нарација и комплексни реченици кои го задржуваат вниманието и често пати поттикнуваат на замислување и размислување за мошне важни, суштински животни прашања. Таквиот стил говори и за творечкото созревање на авторката, што е за секаква пофалба.
    „Најтешките човечки стремежи се успехот и славата“ се вели во еден дел од романот, но и „најсилните емотивни доживувања се љубовта и надежта“. Оваа книга е уште еден доказ дека токму љубовта и надежта се најмоќни за издигнување над сите сомнежи и стравови.

Add a review

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *