Прободен

(1 коментар од читатели)

430.00 ден

Опис

УБИЕЦ ИЛИ ЖРТВА?
Торе Пули некогаш беше моќна фигура на криминалната сцена во Осло и име што предизвикуваше стравопочит. Сега е во затвор, осуден за убиство. Уште од првиот момент, жестоко ги отфрла обвинувањата за вмешаноста во тоа злосторство.

СПОГОДБА ИЛИ СТАПИЦА?
Пули стапува во контакт со новинарот Хенинг Јул и му нуди договор. Ако Јул успее да ја испере дамката од неговото име и открие кој го наместил, Пули за возврат ќе му раскаже како дошло до пожарот што го проголта станот на новинарот и го згасна животот на неговиот шестгодишен син.

БЛИСКУ ИЛИ НИКОГАШ ТОЛКУ ДАЛЕКУ?
Додека очајнички се обидува да ја дознае вистината за пожарот во својот стан, Јул не може да го игнорира сето она што го дозна од Пули и за Пули. И многу брзо сфаќа дека тие информации се исклучително опасни за двајцата. И додека пред нив се нижат сè повеќе прашања, а сè помалку одговори, Хенинг сфаќа дека нема трага од само еден убиец, туку станува збор за повеќе убијци. Вистината му е на дофат. Или можеби не…

„Прободен е возбудлива, заразна приказна за лојалноста, загубата и одмаздата.“
Crime by the book

Дополнителни информации

Година на издавање

2021

Димензии

130х205

ИСБН

978-608-253-164-9

Корица

мека

Број на страници

440

1 коментар за Прободен

  1. Katerina I. Dimic (verified owner)

    Одлична книга и одлична услуга

Add a review

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...