Пишувајќи ја љубовта

300.00 ден

Опис

Таа потврдно кимна со главата. Потоа внимателно ме погледна. „Со што точно се занимаваш?“ Откако ја испив последната голтка кафе со неучтивост достојна за Циган, одговорив: „Романсиер.“ Станав и бев сигурен дека овој пат „маста во кајмакот“ не беше изгубена. Ја платив сметката и се поздравив со неа. Си заминав горд како паун. Движејќи се горе-долу на работ на плоштадот Ал-Умави, повеќе од седум минути чекав да помине такси, но залудно. Тогаш, „дамата со камелии“ се појави пред мене во близина на ѕидот од библиотеката. Таа беше. Изгледаше повисока и поубава. Се упати кон мене. „Сè уште си овде?“ Веднаш одговорив: „Можам да го почувствувам мирисот на твојот букет на повеќе од двесте метри.“
Започнувајќи ја оваа литературна и романтична авантура, амбициозниот романсиер не води низ улиците на Дамаск, по книжарниците, библиотеките, историските споменици, кафулињата и населбите што ги носат трагите на историјата и можностите на иднината. Со помош на богатата историја, нарациите, текстовите, мемоарите и луѓето што го окупираат умот и секојдневниот живот на нараторот, Пишувајќи ја љубовта упатува критика на модерното општество и нуди разигран тестамент за целната природа на пишувањето и разните начини на вљубување.

Калил Свеиле е роден во Хасака, Сирија, во 1959 година, а во 1986 дипломирал литература и книжевност на универзитетот во Дамаск. Тој е автор на три збирки поезија и на романите „Експрес пошта“ (2004), „Не обвинувај ме“ (2006) и „Зухур, Сара и Нериман“ (2008) и „Пишувајќи ја љубовта“ кој воедно ја доби и престижната книжевна награда „Нагиб Махфуз“.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Пишувајќи ја љубовта”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *