Манипулаторот

400.00 ден

Опис

По сите индикатори, Гиљермо Розенсвајг е олицетворение на успехот. Тој е член на гватемалската елита, има успешна адвокатска кариера, има жена и деца и низа прекрасни љубовници. Меѓутоа еден ден патиштата му се вкрстуваат со либанската заносна убавица Маријам, во која очајно се заљубува… до таа мера што кога во моментот ја губи неа, тој не гледа друга опција освен да си ја инсценира сопствената смрт. Манипулаторот е роман базиран на бизарната вистинска животна приказна на Родриго Розенберг, адвокат од Гватемала, кој во 2009 година, си го испланирал сопствениот атентат, оставајќи зад себе видео во кое го обвинува претседателот на Гватемала, Алваро Колом за неговото убиство. Манипулаторот е фасцинантен опис на денешна Гватемала и корумпираната, криминална и заканувачка реалност што се шири во општеството. Дејвид Унгер (1950) е гватемалски писател и преведувач. Во 2014 година ја добил престижната национална награда за литература Miguel Ángel Asturias. Тој е автор на романите „Цената на бегството“ и „Проклетиот живот во тропските краишта“. Негови кратки приказни се објавени во интернет магазините Words Without Borders, Guernica, KGBBarLit, и Playboy Mexico. Има преведено четиринаесет книги од шпански на англиски. Живее со сопругата Ен Гилман во Бруклин, Њујорк. Манипулаторот е неговиот последен роман – бестселер кој доживеа огромен интернационален успех.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Манипулаторот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *