Опис
Малиот речник на туѓите зборови во македонскиот јазик е текст наменет за сите возрасти, особено за помладите кои се среќаваат секојдневно со непознати зборови или со зборови што ги прочитале или ги слушнале некаде и не им го знаеле точното значење. Потоа во различни пригоди и од различни причини сосема несоодветно ги употребуваат тие зборови. Оваа книшка е потсетник за таквите зборови со цел да се употребат онаму каде што е потребно и соодветно. Овде е направен избор од непознати туѓи зборови што се употребуваат често. Секако, забелешката е дека во македонскиот јазик има соодветници за туѓите зборови и подобро е да се употребуваат тие. Со неологизми се означуваат нови, непознати зборови во јазикот. Дел од нив може да потекну-ваат од други јазици, а дел од нив да се јават како нови од соодветниот јазик. Оние што потекнуваат од други јазици се поставени како туѓи, странски зборови, а ако ги има во повеќе јазици тие се јавуваат како ин-тернационализми. Тие може да живеат во еден јазик подолг временски период, покрај првичната (примарна) приспособеност (адаптација) тие може да се одомаќинат во јазикот и да се однесуваат како сите други зборови од македонско потекло (да се членуваат, да градат различни форми, да го добијат акцентот во јазикот домаќин и сл.). Некои од тие зборови толку многу навлегуваат во системот што доживуваат секундарна (вторична) адаптација (приспособување), поставеност, значење, улога или функција што ја немале во јазикот од каде што потекнува-ат. Дел од овие зборови се употребуваат само во определени сфери на општење, дел се јавуваат според честотата сосема рамноправно со зборовите во јазикот домаќин, дел од нив се јавуваат како егзотизми (зборови што не може да се преведат и се дел од нечија култура), а дел од нив имаат многу кратка употреба и остануваат како дел од пасивните, ретко употребувани зборови. Овде е направен избор само на неологизмите од туѓо потекло, според фреквенцијата и според проширенос-та во различни функционални сфери на македонскиот јазик.
Критики
Нема критики сеуште.