На попуст!

Историја на економската мисла

600.00 ден 400.00 ден

Опис

Изданието на делото „Историја на економската мисла“ од Ангар Сандму, на македонски јазик, секако ќе си го најде местото како литература за студентите на економија, како и за постдипломски студии на универзитетите. Текстот е напишан разбирливо и читко, без вообичаените стереотипи, па би бил корисен и за учениците и за наставниот кадар во средните економски и другите средни училишта, но и за пошироката публика.   „Тешко би можело да се напише книга за историјата на економските идеи што би можела да го содржи развитокот на сите можни подобласти. Во секој случај, во тој потфат не би можел да се впушти само еден човек. Прашање е дали таква книга би имала многу читатели. Пос­кромната амбиција, што за читателите е поприфатлива, е изразена во приказот на развојот на науката во некои од централните области на економската теорија. Познавањето на историјата на економските идеи нѐ води кон појасно разбирање на економијата како наука во пос­тојан развиток, а со тоа и кон подлабок увид во тоа од што всушност се состои истражувањето. Лесно може да се случи, аисторискиот начин на кој обично се претставува економијата, оваа наука да ја прикаже како завршена и конечна. Меѓутоа, историјата на економските идеи нѐ учи дека оваа наука ја унапредувале токму оние што во неа ги забележувале грешките и недостатоците“, пишува меѓу другото авторот Сандму, по повод првото издание на оваа книга што веќе е преведена на англиски и на голем број јазици во светот и е ценета во научната јавност, како и на голем број американски, европски и други светски универзитети.

Дополнителни информации

Година на издавање

2018

Димензии

170×240

ИСБН

978-608-253-057-4

Корица

мека

Број на страници

392

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Историја на економската мисла”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *