Распродадена

Зубук

290.00 ден

Распродадена

Опис

Иако првпат објавен уште во 1961 година, романот-хроника и жестока политичка сатира „Зубук“ на турски јазик и во превод на многу други јазици доживува нови и нови изданија. Описите на настаните и личностите од местото „на крајот на светот“ што го покрива „мртовечка прашина“ ги отвораат видиците и панорамите кон големиот град, кон главниот град… Зборуваат како човечката глупост, наивност, завист, алчност и кариеризам се вонвременски и надвор од просторот. Од оваа книга поука за политичко дејствување, политичка маркетинг кампања и стратегија би можеле да извлечат и најсовремените политички партии од најразвиените парламентарни демократии и водечките PR тимови.
Значи „зубукштината“ сепак е одлика и на нашето време и неа ја има насекаде, па и кај нас. Затоа сме сигурни дека и на македонски јазик ова капитално дело на големиот Азиз Несин ќе го пронајде патот до читателите…

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Зубук”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *