Злосторството во еврејскиот кварт

199.00 ден

Распродадена

Опис

Полицискиот инспектор Ласкано, разочаран и изгубен по смртта на сопругата Мариса потполно ѝ се предава на работата. Тоа е единствен начин да преживее во градот и земјата во која владеат насилство и хаос. Станува збор за Буенос Аирес во 1979 година, времето кога воената хунта во Аргентина го мачи, убива и без трага го снемува секој што го смета за дисидент. Ноќните рафали, корупцијата во полицијата и антисемитизмот се дел од секојдневниот живот кога Ласкано ја почнува истрагата за речиси рутинското убиство. Истовремено ја сретнува младата герилка Ева чија што сличност со неговата покојна жена е неверојатна…
Ернесто Маљо – Ernesto Мallo (1948) е аргентински писател, новинар, колумнист и есеист. Порано бил револуционер (припадник на Герилското движење Монтонерос) и бил противник на диктатурите во Аргентина и другите земји во Јужна Америка. Неговиот прв роман Злосторството во еврејскиот кварт е дел од трилогијата за полицискиот инспектор Ласкано, според кој во Аргентина веќе е снимен и филм. Под насловот La aguja en el pajar (Игла во сено) овој роман ја добил престижната награда Memorial Silverio Canada за најдобар роман на Noir фестивалот во Хихон.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Злосторството во еврејскиот кварт”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *