Зад сцената

300.00 ден

Опис

Во заднината на неостварената, речиси платонска љубов на глав-ните ликови, Џемал и Сабиха, всушност се открива и отсликува еден од најдинамичните историски периоди на Османлиското Царство и Турција. Во првите децении на минатиот век, избива Младотурската револуција, Османлиите ги губат двете балкански војни, а во Прва-та светска војна Турција е на страната на губитниците – централните сили. Истанбул станува првата цел кон која се стремат белогардејците и бегалците по Октомвриската револуција во Русија. Окупацијата на Цариград и Измир од страна на Британија и Франција, е капка во мо-рето на вкупното разочарување и незадоволство во метрополата, каде што има и многу дилеми, дали и како да се приклучат кон националните сили и борбата за независност на Мустафа Кемал Ататурк.
Покрај многубројните љубовни и семејни драми, авторот мајстор-ски ги отсликува и разидувањата и полемиките на водечките интелекту-алци и јавните личности во Истанбул, во првата половина на минатиот век.

Дополнителни информации

Година на издавање

2020

Димензии

140×205

Корица

мека

Број на страници

302

ИСБН

978-608-253-133-5

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Зад сцената”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *