Единственото сеќавање на Флора Бенкс

(5 коментари од читатели)

350.00 ден

Опис

„Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“
Десет години имав кога се промени сè..
Осум години ми важи пасошот.
Шест луѓе ме бараат на студот.
Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка.
Едно сеќавање е сè што имам.

возбудлива, непредвидлива, уникатна,
трогателна, охрабрувачка…

Книга што нема да ја заборавите никогаш!

Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè
што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се оби-
дува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една
вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој
бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од
својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол,
на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли
тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја по-
беди амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се
обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде
похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта!
Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдо-
брата другарка, на родителите или…

Во рацете држите книга во која е раскажана несекојднев-
на љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на
упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го
остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот
крај, кој не можете да го предвидите.

„Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што
брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“
Гардијан

 

Е-книга

 

РЕЦЕНЗИИ:


Нова Македонија

“Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ во издание на „Бата прес“

Макпрес

Марили

Рецензија на Марина Серафимоска за „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од Емили Бар

„Книгава дефинитивно ја сместувам во категорија YA, многу е погодна за тинејџери (15-17 години) кои започнуваат со читање.“ – Ана Јаневска

Рецензија на Викторија Михајловска за „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од Емили Бар

Приказната на Флора е навистина освежувачка, трогателна, охрабрувачка и емотивна, и расфрлана со трошка надеж

 

„Моментот е она за што вреди да се живее. Не сеќавањето.“ – рецензија на Билјана Мартиновска за „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“


 

Дополнителни информации

Година на издавање

2020

Димензии

140×205

ИСБН

9786082531137

Корица

мека

Број на страници

278

5 коментари Единственото сеќавање на Флора Бенкс

  1. BILJANA DIMOVSKA (verified owner)

  2. Ирена (verified owner)

    Книга која буди широк спектар на емоции додека ја читате!

  3. Marina (verified owner)

    Одлична книга, приказната е неповторлива, уникатна и незаборавна, оценка 5/5. Препорачувам, прочитајте ја.

  4. Katerina (verified owner)

  5. Билјана Кузмановска (verified owner)

Add a review

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...