Другиот град

250.00 ден

Распродадена

Опис

Што би направиле кога би нашле книга која е влез во тајниот ноќен подземен свет, во она Второто нешто од Прага? Како да се побегне од неговите порти, да ги избегнете неговите ѕверки и војски, и на крајот на краиштата – да ја спасите онаа дневна, древна и вистинска Прага. Романот Другиот град говори токму за тоа.
Јунакот на романот во антикварница наоѓа книга напишана со непознато писмо и ја носи дома. Така почнува потрагата по непознат град кој живее во чудна симбиоза со Прага, а се наоѓа на нејзините рабови и на границата на познатите простори.
Нараторот ноќе лута низ градот, тогаш кога се буди другиот град, се сретнува со неговите жители, се бори со неговите ѕверки, бега пред вооружените борци, учествува во неговите прослави и дебатира со неговите свештеници. За сето тоа време се обидува да го сфати духот на тој град и да продре до неговото средиште, кое постојано му се измолкнува…
Другиот град е прекрасно дело на Михал Ајваз, кој е еден од најзначајните современи чешки и европски автори, роман во кој се преплетуваат реалното и магиското, постојното и фантастичното. Прага, каква што ја познаваме од туристичките посети и разгледници станува мегдан за борбата меѓу доброто и злото. Станува збор за сега веќе класично дело што во Чешка ја доби престижната награда на издавачот Млада фронта и што е преведено на голем број европски и светски јазици.
„Необичната, заводлива приказна во романот Другиот град е сонлива, фантастична и нестварна. Станува збор за пат кој ви ја поместува рамнотежата, но истовремено и ве издига.“

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Другиот град”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *