Дозволи ми нежни песни да ти пеам

300.00 ден

Распродадена

Опис

Со една несекојдневна емоционална сила, Линда Олсон ни раскажува за едно необично и неочекувано пријателство што се развива меѓу две жени. Вероника, младата шведска писателка заминува да живее со своето ново момче, на другиот крај на светот, во Нов Зеланд. По трагедијата што се случува таму, се враќа, изнајмува куќа во едно мало шведско село и во исто време се обидува да го напише започнатиот роман. Но, по запознавањето, пријатното дружење, прошетките, вечерите и личните исповеди со сосетката Астрид ̶ постара, осамена жена која што брзо навлегува во животот на Вероника, романот ̶ новела добива сосема поинаков тек. Дозволи ми нежни песни да ти пеам се одвива наспроти шведскиот мирен пејзаж и тоа е лирски и медитативен роман за љубовта и загубата и приказна која долго ќе остане со читателите откако ќе се откријат тајните на карактерите. Романот е преведен на 27 јазици. Линда Олсон е родена во Стокхолм, Шведска. Дипломирала право на Универзитетот во Стокхолм, а потоа градела кариера во банкарскиот и финансискиот свет, сѐ додека не ја напуштила Шведска во 1986 година. Живеела во Кенија, Сингапур, Британија и Јапонија, а од 1990 е постојан жител на Нов Зеланд. Во 1993 дипломирала Уметност на англиската и германската литература на Универзитетот Велингтон, во Викторија. Во 2003 година победила на натпреварот за кратки раскази на Сандеј стар – Тајмс. Живее во Оукланд и ова е нејзин прв роман.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Дозволи ми нежни песни да ти пеам”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *