Десет илјади љубовници

199.00 ден

Распродадена

Категорија: Автор:

Опис

Лили е млада студентка – што се вратила од Канада и ги истражува јазикот, убавините и ужасите на родната земја. Таму го запознава човекот од своите соништа. Поранешниот актер Ами е згоден, интелигентен и возбудлив. Тој како и неговата преубава земја е под притисок и има една тешка професија: тој е воен иследник.Додека љубовта на Лили и Ами неочекувано цвета, над неа се надвива сѐ потемна сенка – проблемот што го наметнува работата на Ами. Во денешниот свет каде што опасноста, тероризмот и можноста од избувнување војна чинат дел од животот, овој роман е блескаво и ужасно актуелен. Па сепак, дејствието во романот Десет илјади љубовници се случува во Израел во седумдесеттите години на дваесеттиот век: сјајна позадина за универзалната приказна за страста, страдањето и чудесната моќ на љубовта.

„Едит Равел е остроумен и сочувствен раскажувач.“ – Sunday Herald

„Извонредно… задолжителна лектира за сите оние што сакаат љубовни стории и што се грижат за правдата, човечноста и состојбата во современиот свет.“ – Quill and Quire

„Храбар прв роман… се чита без здив… на прв поглед едноставните и непосредни реченици на Равел често одекнуваат со бројни значења, можности и иронија… маѓепсуваат и продираат… прекрасен и смел роман.“ – Globe and Mail, Toronto

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Десет илјади љубовници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *