Деновите кога говореше тишината

290.00 ден

Распродадена

Опис

Меретe Линдстром (Merethe Lindstrom) е родена 1963 година. Таа е уважена норвешка писателка, авторка е на четиринаесет прозни книги што досега се објавени, седум книги со новели и седум романи. Таа е меѓу најзначајните современи норвешки раскажувачи, а за својот роман Деновите кога говореше тишината, објавен во 2011 година, го доби најпознатото скандинавско литературно признание, наградата на Нордискиот совет за книжевност. Тој нејзин роман, како, всушност, сите нејзини досегашни прозни дела, се одликува, пред се, со беспрекорен стил, мирно и тивко кажување, со над сè јасно, цврсто и прегледно развивање на дејството. Приказната за постара брачна двојка во која мажот станува сенилен, а нивните ќерки ја поттикнуваат мајката да го смести таткото во Дом за стари и болни лица, се проблематизира феноменот на стареење и старост, и на сето она што староста со себе го повлекува. Романот е и книга за молкот и премолчувањето, книга за разните форми на тишината, за тишината што може да биде заштита, но и закана, а понекогаш е и неиздржлива.

Можеби најзначајна карактеристика на овој роман е токму речитоста на она што не е кажано, јасниот говор на молкот.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Деновите кога говореше тишината”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *