Опис
Дејствие што се протега во текот на дваесеттиот век во Египет. Почеток кој се базира на вистинити настани поврзани со убиството на еден познат бизнисмен од Каиро. Неверојатна сторија која комбинира вистински животни случки со фиктивни, раскажани од волшебен раскажувач.
Во пролетта 1927 година, вниманието на Каиро било насочено кон шокантното убиство на истакнатиот бизнисмен Соломон Сикурел во неговата вила на реката Нил, во богатиот дел на округот Замалек. Тоа било обид за грабеж што тргнал наопаку, а четворицата виновници брзо потоа биле уапсени. Судењето било завршено многу брзо, нивните казни биле ригорозни, а јавноста и луѓето конечно се смириле.
Според сторијата на Ашраф Ел-Ашмави, имало и петти учесник по име Абас. Тој избегал во својот дом во едно село и останал смирен сè додека судењето не завршило. Како и да е, тој не избегал со празни раце и ги зачувал документите од вилата на Сикурел, оние документи што помислил дека ќе го одведат до скриениот сеф. Абас скроил план да се врати во главниот град, да го најде сефот и да дојде до богатството. Првиот чекор е да ја вметне неговата сестра Зејнеб, блиску до вдовицата Пола, сопругата на убиениот бизнисмен.
Приказната на Абас се протега од современиот Египет, преку периодот на Втората светска војна, револуцијата во 1952 година и владеењето на Насер, војната во 1967 година и ерите на Садат и Мубарак. Од дваесеттите години до деведесеттите години на минатиот век, историјата на Египет, Ел-Ашмави волшебно ја ткае со фикцијата во овој интригантен дебитантски роман.
Критики
Нема критики сеуште.