Гробот на џелатот

250.00 ден

Распродадена

Опис

Иса беше чуварот на гробиштата. Тој со едната нога кривеше. Не му сметаше тоа што криви туку го нервираше единствено тоа што со ногата не можеше да ја згасне цигарата. Пикавецот. Откако се исели во Истанбул негов единствен пријател му беше Хамит, кој му ги носеше за да ги закопа луѓето што ги убиваше.

Хамит беше најдобриот стрелец, убиец во подземниот свет. Беше познат по својата работа која си ја извршуваше многу чисто и правилно. Меѓутоа како што старееше, новата технологија, ослабениот вид, промената на животот во светот, почнаа многу да го задушуваат. Се жалеше што работите повеќе не се средуваа според старите правила. Сам живееше во животот и немаше никого освен внук му – Лутви.

Лутви беше младич кој сакаше многу бргу да напредува во подземјето. Имаше еден ѓаволест шарм и сите многу бргу го засакуваа. Одеше во кампусот на Универзитетот за да продава дрога и беше многу очигледно дека таму имаше многу повеќе пријатели од Фуат, кој беше студент на катедрата по математика.

Фуат беше личност која беше затворена во себе. Асоцијален тип. Меѓутоа со помош на остроумноста и снаодливоста успева да го спаси Лутви од обезбедувањето на Универзитетот. Иако не беше баш некој почеток на ново пријателство, при првата незгода во која паѓа Фуат сепак за помош го бара Лутви. Од тогаш судбината им се поврзува на овие четири мажи.

Една стара гробница која се наоѓа во една од населбите во Истанбул. Во едниот дел од гробиштата се наоѓаат заборавените гробови на џелатите останати од времето на Османлиите. Преку невиноста и криминалот поврзани се судбините на четири мажи: Иса, Хамит, Лутви и Фуат…

Психолошки роман кој е напишан од Асли Е.Перкер, роман во кој се опишани криминални настани.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Гробот на џелатот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Можеби ќе ви се допадне...