Времето на белите коњи

600.00 ден

Опис

Дејствието во овој застрашувачки, трагичен документарен роман се одвива во околината на Ерусалим, од пред крајот на Отоманската Империја до формирањето на Израел како држава во 1948 година. Со волшебната вештина на перото, Ибрахим Насралах насликал живописна слика за преокупацијата и аспирациите на палестинските селани и поврзаноста со нивната земја, со нивните животни и еден со друг. Преку доживувањата на аџи Махмуд, главниот старешина на Хадија, неговиот син Калед и неговата љубов кон белата кобила Хамама, како и преку други незаборавни ликови, од херои до злобници и злосторници, се соживуваме со реалноста во палестинското село во почетокот и првата половина на дваесеттиот век. Романот, книжевно и документарно сведочи за ционистичка колонизација и нејзиното влијание на животот на Арапите во руралните предели и за траумата што се надградуваше со мандатот на Британија и со нејзините последици. Тука се и бунтовите и борбата на Палестинците да ја обноват автономијата и достоинството по кои што биле препознатливи со векови на тој простор. Романот сведочи и за почетокот на насилствата, животот и отпорот кон современата израелска држава формирана на таа територија.

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Времето на белите коњи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *