Вон жариштето

300.00 ден

Опис

1914 – 1918. Северот на Италија, порано дел на Австро-Унгарија. Приказна за една фамилија раскажана од едно весело, младо девојче.
„Кога започна војната, сите бевме среќни.“ Летото 1914 година, Јоланда или нагалено Јоле на тринаесет години веќе работеше на рингишпил. Не требаше долго за да ги разбере последиците од конфликтот каде ги испраќаат мажите и ги оставаат жените сами. А и самата страдаше од последиците. Разделена од мајка ѝ, трауматизирана од бомбардирањето, таа и нејзината сестра трагаат низ селата за да ја најдат нивната баба што никогаш не ја запознале. Среде војната ја доживува својата прва љубов. Преку нарацијата на Јоле – длабока и живописна раскажувачка – нивните искуства се истите оние како на сите жени што остануваат надвор од линијата на огнот, далеку од фронтот, замаглени, речиси невидливи, додека историјата продолжува безмилосно. Тринаесет раскажани слики, како оние фотки што недостасуваат од семејниот албум, формираат нарација базирана на дневници, сведоштва, извештаи и документи.

Дополнителни информации

Година на издавање

2020

Димензии

140×205

ИСБН

978-608-253-124-3

Корица

мека

Број на страници

143

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Вон жариштето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *