Ангелите од Москополе

250.00 ден

Распродадена

Категорија: Автор:

Опис

Со романот Ангелите од Москополе Катја Максим нѐ враќа во едно минато, во за нас еден близок простор и на судбината на градот – трговски, стопански, културен и образовен центар на Власите што во времето на Османлиската Империја успешно опстојувал и соработувал со градовите и местата во Македонија, Албанија и Грција, но и пошироко со Венеција и Виена… И самиот наслов е симболичен, ангелите вистински постојат во романот, заљубените Алеку и Домника својата љубов сакаат да ја крунисаат со венчавка на црковниот олтар, но ја споделуваат трагичната судбина со градот чии жители организирано се борат против налетите на турскиот аскер под команда на Али-паша Јанински. Есента 1788 година, кога Империјата се чувствувала загрозена од Русија и востанијата на православните народи, за жал, ништо не можело да го спаси Москополе, неговата Академија, Палатата на челниците, Печатницата, многубројните цркви…

Коментари

Нема коментари

Бидете првиот што ќе коментира“Ангелите од Москополе”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *