Ангелите од Москополе (Сродни истории)

250 ден

Категорија Автор:

Опис

Во третиот том од трилогијата „Ангелите од Москополе“, авторката Катја Максим бележи безброј настани поврзани со, во светски размери моќниот банкар Симон Сина и Косма Хрисоклу прославен мајстор за обработка на дијаманти, злато и скапоцености кои ги краселе Валиде-султан во Цариград, дуждовите и другите благороднички во Венеција, Виена, Будим и Пешта…  Забележани се и вистинитите љубовни стории на Коста и Лија Чегани, Лучија Петринели, како и на романските интелектуалци во европските метрополи. Еден добар дел од дејствието и дневничките записи се случуваат во Битола, каде што во егзил живееле голем број од роднините на Лија и москополците.

За жал, во желбата уште еднаш да го оживеат и прослават Москополе, влашката трудољубивост, вештина за трговија и култура – доживуваат нови лични и колективни трагедии…

За некои од ликовите во овој роман објавени се биографии и во светските печатени и интернет енциклопедии, а романската авторка својата сторија ја документира и со голем број писма, дневнички записи  и кажувања на потомците на главните ликови.

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Ангелите од Москополе (Сродни истории)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *