Објавено на Остави коментар

Промоција на книгата „Куќата со жолта фасада“ од Билјана Мартиновска

Драги пријатели и љубители на книгата, Ве покануваме на официјалната промоција на книгата што веднаш по објавувањето стана наша најпродавана книга „Куќата со жолта фасада“ од Билјана Мартиновска. Настанот ќе се одржи на отворено, со сите запазени протоколи, во промотивниот центар на Саемот на книгата во Скопје на 12.09, сабота во 14:00. Промотор на книгата ќе биде писателот Денис Бојаров.
Во овие чудни времиња, навистина ќе ни значи вашето присуство и поддршката на книгите и македонските писатели. Веднаш по промоцијата, Билјана ќе посветува книги на нашиот штанд, што е во близина на промотивниот центар.

Објавено на Остави коментар

Дружба и потпишување книги со Билјана Мартиновска, авторката на „Куќата со жолта фасада“

Драги читатели и пријатели. Ве покануваме на дружба со авторката Билјана Мартиновска во сабота на 15 август во 19:00 во книжарница „Клио“ во струшката чаршија. Настанот ќе биде одржан на отворено пред книжарницата „Клио“. Ќе имате можност да се сретнете со нашата драга авторка Билјана и да купите книга со посвета и потпис. Сите оние што претходно имаа нарачано или купено книга, а ќе бидат присутни на настанот, секако ќе имаат можност да добијат посвета. Поради ситуацијата со корона вирусот, Ве замолуваме задолжително да носите маски и да држите дистанца. Сите читатели од други градови, што нема да бидат во можност да присуствуваат на настанот, ќе можат да нарачаат книги до сабота и доколку сакаат да добијат посвета треба да нѐ информираат во пораки, на Viber, Whatsapp или да се јават на телефонскиот број 076 636 082.