Објавено на

Еднодневен мини саем во Куманово

Драги читатели,
Една куса информација. Утре, петок, 14.10.2022, ќе организираме мини саем на книга во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово. Сакаме да Ве замолиме да го препратите овој мејл, доколку познавате некој кумановец или некоја кумановка. Книгите ќе бидат на попуст и ќе трае само утре. Значи, саемот е еднодневен. Настанот го организираме заедно со издавчката куќа „Култура“, така што и нивните изданија утре ќе можете да ги најдете таму.