Објавено на

Наградно патување: „Отворени книги, отворени граници“

Драги читатели,

Имаме многу интересна наградна игра за вас. Инспирирани од една прекрасна мајка, што нè посети на фестивалот на книгата и имаше многу креативен начин да го поттикне детето да чита и за секоја прочитана книга, детето треба да напише рецензија, а за таа рецензија добива симболична сума на пари.

Така што сакаме да ги поттикнеме децата да читаат, да научат да пишуваат рецензии и за тоа да добијат несекојдневно патување за двајца во Милано, Италија. Да не должиме премногу, знаеме дека сте нестрпливи да ги дознаете правилата:

  1. Горната граница на децата е 14 години.
  2. Рецензијата треба да биде напишана на македонски, на обичен лист хартија (каков било) и со пенкало, молив, фломастер, што сакате. Бидете слободни и креативни во изборот и боите.
  3. Рецензијата треба да се однесува на книгите што се презентирани подолу, после текстот.
  4. Рецензиите ги сликате и ни ги испраќате на info@batapress.mk.
  5. На рецензијата треба да биде напишано името и презимето на детето, возраст, град и во кое училиште учи.
  6. НЕМА ДА ИМА НАМЕСТЕНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ. Сами ќе си го заслужите патувањето. Сите рецензии ќе бидат објавени на социјалната мрежа Инстаграм како посебни објави, како слика. Сликата, рецензијата што ќе има најмногу лајкови ќе биде победник. Тука, нема да има правила.
  7. Победникот ќе оди на патување заедно со еден родител или старател.
  8. Патувањето ќе биде со авион, од Скопје за Милано. Поаѓањето е на 04.12. Пристигање на 07.12.
  9. Рокот на поднесување на рецензиите е 01.11. Сите слики ќе бидат објавени на 02.11. Победникот ќе биде прогласен на 08.11.
  10. Листа на наслови за кои важи наградната игра: „Библиотекарката од Аушвиц“, „Товилиште за пеперутки“, „Заспаниот град“, „Свети ереси“, „Трите случаи на детективот Виксон Чудински“, „Олгица и дедото вреден милиони“, „Љубовта е таа што не ја разбираме“, „Кутија“.