Објавено на

Саем на книгата 2021

Драги наши верни читатели,

Оваа година беше многу неизвесна, и за жал, токму во овие денови го доживуваме пикот на злото наречено Ковид 19. Но, ние како и претходната година решивме да учествуваме на саемот на книгата во безбедни услови, на отоворено пред салата „Борис Трајковски“ на паркингот некаде во близина на аквапаркот. Според информациите што ги добивме од организаторите, на саемот ќе се влегува со сертификати, исто како што важи и за затворените трговски центри и други организирани настани.

Информации во врска со саемот:

Одржувањето на саемот е од 08-14.09.2021 година (среда-вторник).

Работното време за посетители е од 10:00-21:00 часот во периодот од 8-11.09.2021 (среда-сабота)
Работното време за посетители е од 10:00-20:00 часот во периодот од 12-13.09.2021 (недела-понеделник)
Работното време на ден 14.09.2021 (вторник) е до 17:00 часот

Нејсе, она што е важно е дека и оваа година имаме богата понуда на исклучително квалитени и популарни книги. Веројатно ова е годината во која имаме најбогата понуда на нови наслови. Иако не успеавме да подготвиме некаков каталог со книги, поради други неодложни обврски што ги имавме во овој период, најважно е дека сепак книгите се достапни на нашиот сајт и се со истата цена како и на штандот. Целата понуда можете да ја погледнете овде https://batapress.mk/shop/

На нашиот сајт можете да нарачате, со картичка, во готово или со уплатница во банка. Постапката трае помалку од три минути и не е неопходно да креирате профил или нешто такво. Едноставно на една страница ги внесувате личните податоци и податоците за достава, а на другата страница, доколку плаќате со картичка, ги внесувате податоците од вашата картичка.
Несомнено, оваа година два наслови го привлекоа вниманието на повеќето наши читатели, тоа се „Птиците умираат пеејќи“ и книгата во претпрцодажба „Исповед“. Двете се обемни книги со повеќе од 750 страници и со крајни напори успеавме да направиме некоја пристојна цена од 500 денари. Секако, тоа беше веднаш препознато од најстрасните читатели од книжевните групи „Размена на книги“, „Моја библиотека“ и „Книжевна терапија“ и експресно се нарачани исклучително голем број на примероци од овие два наслови. Бескрајно сме Ви благодарни.

Секако, не треба да се занемаруваат и останатите наслови 🙂

Оваа година имаме организирано четири промоции во Промотивниот центар:

Среда, 08.09

17.00 – 17.45   Промоција на книгите поддржани од Министерството за култура „Дописниот шах во Македонија“ од Љубомир Хаџи-Манев, „Василије Смилевски – живот и дело“ од д-р Владимир Величковски и „Антарес“ од Матеј Фенер.

Сабота, 11.09

14.00-14.45     Промоција на објавени дела и проект од Европската Унија од програмата „Креативна Европа“.

Недела, 12.09

13.00–13.45    Промоција на новиот роман „Равенка на стравот“ од младата авторка Верица Мукоска.

Понеделник, 13.09

16.00-16.45     Промоција на делото „Мечтите на хирургот“ од проф. д-р Ѓорѓе Зафировски

                

Ве очекуваме 🙂

                     

Подготвениот штанд на Бата прес 2021