Објавено на

Рецензија на Изабела Велковска за книгата „Почеток од соништата“

“Почеток од соништата”- Џенифер Пробст

“Прославувај ја секоја мала победа во животот. Никогаш не се знае кога ќе дојде следната.”

По враќањето во долината Хадсон, Итан Бишоп повеќе не е истата личност, како што беше некогаш. Како поранешен телохранител во Холивуд и падобранец на Специјалните сили има видено прилично голем број судири. Како последица на работата има неколку рани и лузни. Тие не само што му се наоѓаат насекаде по телото, туку ги носи и длабоко во душата.

“Секоја душа- и животинска и човечка- заслужува достоен живот.”
Миа Труш има фирма за односи со јавноста, “Стратешки ПР решенија”. Таа им помага на клиентите да управуваат со кариерата, така што им ги води страниците на социјалните мрежи, се занимава со вести и случувања.

“Нејзината дарба да ги открива измамниците и лажговците добро и послужи во злобниот свет на политиката, а истовремено ја уништи нејзината доверба во сопственото срце.”

Итан Бишоп е висок најмалку метар и деведесет и пет. Црвеникаво кафената коса му беше диво завиткана во локни над челото и му го допираше вратот. Имаше впечатлива брада, подолга од вообичаената. Неговите очи беа бледо студено сини со продорен интензивен поглед.

“Ако можеш да постигнеш да можам да бидам избран, можеби можеш да поправиш дел од минатото.”

Миа Труш има убави златести очи и коса со боја на мед, со шик фризура, со коси шишки. Телото и беше премногу тенко, веројатно поради гладување. Нејзината бледа, беспрекорна кожа беше заштитена со скапа крема за сончање.

“Понекогаш минатото ме заробува и тешко ми е да верувам на сопствената интуиција.”

Кло Лејк има деветнаесет години. Таа има виолетова коса, пирс на носот и прстен на веѓата. Нејзините очи беа длабоки и сини. На левата рака имаше тетоважа од череп. Поради вандализирање на автомобилот на својот професор ќе заврши на суд. Ќе и биде изречена казна, каде ќе треба да работи на локалната фарма за
спасување на коњи.

“Животните, ако им се дозволи тоа, помагаат при заздравување на раните.”

Миа Труш е задолжена да ја придружува Кло на локалната фарма. Строго деловната и темпераментна, Миа веднаш влегува во судир со мрачниот “коњушар” Итан. Нејзе буквално се и е иритантно кај него. Помина долго време откако имаше некој маж во нејзиниот живот. Беше навикната на пристојни мажи, во скроени одела по мерка, кои мирисаа на скап мошус од шишенца и даваа чувство на ветување кое никогаш не би го одржале.

“Единствена причина што си опкружен со коњи е тоа што не знаеш како треба со луѓето.”

Како што поминува летото и температурите растат. Итан и Миа откриваат колку многу работи имаат заеднички: грижливо чувано минато, неконтролирана страст и копнеж за нешто повеќе, што би можело да ги исцели двете скршени срца.

Дали нивното минато ќе ја загрози кревката прилика за потполно нова иднина? Дали летото и престојот на фармата ќе ги промени нивните животи засекогаш, останува да откриете самите вие.

“А не знаеше дали љубовта ќе биде доволна за секој од нив.”