Објавено на

Рецензија за „Волшебницата од долниот кат“ на Симона Ангелоска

Би можеле да замислите летен распуст, а надвор по цел ден истура дожд? Единствено друштво ви е телевизорот, а мама скоро секој ден нарачува пица за ручек? – Звучи можеби совршено, но со време и пицата и телевизорот здосадуваат.
Тоа и се случува и на Маја. Проблемите кои се надвиснуваат над нејзиното семејство (а и времето), ја проморуваат да го поминува секој ден пред телевизор, што и не е така лошо според неа ( може да си ги гледа омилените емисии и да ги повторува омилените реплики).
Тоа што Маја ќе го доживее како вистинска неправда и кошмар е тоа што нејзините родители ќе одлучат да ја пратат на летен распуст кај Бабуле, прастарата бабичка која ја изгледала нејзината мајка. Бабуле живее на село, во една стара зграда, со изгребани и потскршени чаши и телевизор кој е црно-бел. Разочарана и лута Маја е решена да ги моли родителите да ја спасат од ова страшно здодевно место, се додека црниот мачор на Бабуле не и се насмевне…


Ако барате книга за одличен почеток на летниот распуст, тогаш ви ја препорачувам “Волшебницата од долниот кат”. Бегство од екраните и целосно препуштање на имагинацијата е тоа што авторот Марчин Шчигелски им го порачува на децата. Оваа современа бајка за деца е превозбудлива и се чита во еден здив.
.
Им благодариме на @bata_press_knigi за укажаната можност да ја прочитаме оваа книга.
.
Сите ставови во постот се лично мои.