Објавено на

Книга на неделата: „Градот и градот“ од Чајна Миевил

Од 03.05 до 09.05, можете да ја нарачате книгата „Градот и градот“ од британскиот писател Чајна Миевил. Според книгата е снимена и истоимента серија на BBC. Во прилог, погледнете го видео трејлерот од серијата.

Она што е интересно е за оваа приказна е што градовите каде што се одвива дејствието потсетува на типичен град од Балканот како Скопје и Сараево, само што овие два града се измислени и не е јасно каде точно се наоѓаат, иако во еден момент во книгата се споменува и Скопје како дестинација од каде има директен лет со авион до Бесел. Ова е таква книга, што најверојатно немате прочитано ниедна слична на неа и претставува мешавина од трилер и „чудна фикција“, жанр на книги за кој Чајна Миевил се смета за еден од основоположниците на оваа категорија приказни. Инаку, ова и не е така чудно ако се земе предвид дека Чајна, има престојувано на овие простори. Во прилог едно од неговите интересни и уникатни интервјуа.

Во прилог, кратката содржина на книгата:

Кога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град.
„Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман.“
Booklist

„Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил.“
Los Angeles Times

Според овој роман во Лондон е снимена популарната телевизиска серија под наслов The City and the City во продукција на BBC Two.

Кликнете на линкот и нарачајте ја книгата со 40% попуст: