Објавено на

Рецензија на Викторија Михајловска за „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од Емили Бар

„Ја гледам раката. На неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“

Флора Бенкс е седумнаесетгодишна девојка, која боледува од АНТЕРОГРАДНА АМНЕЗИЈА  форма на амнезија која се карактеризира со неможност за пренесување информации од краткотрајната во долготрајната меморија. Со други зборови, сѐ што ѝ се случува таа многу брзо го заборава. Флора има развиено техника за да си помогне сама на себе, таа запишува сѐ! Запишува на нејзините раце, на ливчиња што и служат како белешки, и секако во дневник. Но, една вечер ќе се промени сѐ, таа го бакнува Дрејк- момчето на нејзината најдобра пријателка. Таа се сеќава на тој бакнеж, тоа е првото сеќавање што успеала да го зачува од својата десетта година. Таа верува дека го пронајде лекот за нејзината болест – љубовта. Но, Дрејк веќе го нема, отиде на Северниот пол, на Арктикот. Мотивирана да го пронајде лекот за нејзината состојба, да ја пронајде љубовта на нејзиниот живот – таа се впушта во нејзината животна авантура.

Книгава е феноменално дело, умешноста на писателката ме натера да се запрашам колку ли е тешко секој ден за се запознаваш себеси одново и одново, но, и колку ли им е тешко на тие околу тебе. Многу пријатно ме изненади крајот на книгата, очекував да биде предвидлива книга за млада тинејџерска љубов, но не бев во право. Сметам дека секој што би ја прочитал книгава би извлекол некоја поука, особено од “животните правила на Флора”, кои што ги обожувам. А, дали Флора ќе го најде Дрејк? Дали ќе го најде лекот ? И, дали е сѐ така како што изгледа? Оставам на вас да откриете.

Препорачувам. 5/5