Објавено на

Како настанал светскиот ден на книгата?

 
 Што всушност е #BooksAndRoses?

BooksAndRoses следи една стара светска традиција за да можат сите со насмевка да ја прослават литературата. 23 април е денот кога книгите, розите и љубовта се соединуваат како дел од една стара традиција што се слави во Барселона / Каталонија, а која полека зафаќа светски рамки.

Сè започна со легендата за еден витез кој станал светец, една принцеза и еден змеј. Во 15-иот век, давањето роза на саканата жена на 23 април (Ѓурѓовден) стана традиција во Каталонија. Во 1920-ите, традицијата на давање книга на саканиот маж беше додадена.

Во денешно време, традицијата е веќе широко прифатена и има книги и рози за секој. Некогаш низ времето, група од каталонски издавачи пристапиле до UNESCO и во 1995 година датумот 23 април бил прогласен како Светски ден на книгата и авторските права.

„Симболичен датум за светската литература“ бидејќи тој датум исто така означува и многу раѓања и многу заминувања од овој свет на многу писатели, како Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес, Морис Дрион, Халдор К. Лакснес, Нгаио Марш, Владимир Набуков, Викторија Глендининг, Жозеп Пла, Тереза де ла Пара, Памела Линдон Траверс или Мануел Мехија Валехо.

На овој линк можете да си креирате ваша дигитална роза и да им ја испратите на вашите најблиски 🙂

https://booksandroses.cat/rosavirtual/en/

Наша прва објавена книга од каталонски автор е „Проклетството на Палмизанови“ од Рафел Надал. Во подготовка се книгите од популарниот Жаума Кабре. Во чест на овој прекрасен ден, само денес книгата „Проклетството на Палмизанови“ можете да ја купите со 50% попуст.

Бонус видео: