Објавено на

Куса рецензија на Игор Стојановски

“Волшебницата од долниот кат” – Марчин Шчигелски (превод од Полски: Звонко Димоски, цртежи: Магда Вошик)

Добро е одвреме-навреме, помеѓу “посериозните” дела, да се прочита и нешто првенствено наменето за деца (можеби повеќе и за тинејџери), кое може да го прочита секој. Многу интересна приказна, преубав дизајн на цела книга (корицата и многубројните цртежи внатре), ја препорачувам на сите кои сакаат да се одморат со лесна авантура/мистерија. Преводот е супер, а дознав и дека веќе се работи на преведување на вториот дел од серијалот (вкупно се 6 книги) ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️