Објавено на

Роман кој изобилува со длабоки психолошки понирања, со многу филозофски погледи и мисли за животот, љубовта и родителството – Слаѓан Бишковски

Што следува кога ќе изгубиме парче од своето срце, делче од својата душа? Младата и наивна Ева никогаш не претпоставува дека ќе треба да научи да живее со болката, што ќе и’ го парчоса целото невино и добродушно битие. Откако ќе го запознае црноокиот Виктор, таа е шармирана и потполно освоена од неговиот хумор, амбициозните погледи кон светот и мирисот на несебичната љубов што се вее околу него. Целосно е обземена од тој мирис и се препушта со широко отворено срце во неговите прегратки.Минуваат години поминати во чисто задоволство, радост и исполнетост, се’ додека трагедијата не затропа на вратата од животите на Ева и Виктор…Приказна за една жена која мора повторно да научи да живее. Приказна за траумите од минатото кои влијаат и врз иднината, неповратно загрозувајќи ги шансите за нова среќа. Приказна за тагата, борбата со депресијата, но и за силната врска на пријателството, мајчинството и себевреднувањето. Роман кој изобилува со длабоки психолошки понирања, со многу филозофски погледи и мисли за животот, љубовта и родителството.Ми се допадна тоа што поглавјата беа пократки; книгава се чита многу брзо, иако темите што ги опфаќа не се баш лесни, се’ тоа надополнето со убав и концизен раскажувачки стил на пишување.И’ посакувам уште многу успеси на авторката Biljana Martinovska , ова е нешто што треба да биде прочитано. 🙂

Рецензија на Славен Бишковски