Објавено на Остави коментар

„Никогаш до сега не сум подвлекувала реченици во книга, овој пат зедов молив и подвлекував“ – Ана Петровска

#мојапрепорака
#осврт

“ТОЧКА НА ВРАЌАЊЕ”
Biljana Martinovska🌹
“Силата на жената произлегува од факт што ни психологијата не може да го објасни!”
Овој цитат е на Оскар Вајлд и скоро го прочитав во една книга, афтобиогравска книга на една наша авторка, моја пријателка, жена-лавица, жена борец, мој херој….Билјана Мартиновска🥰
За првпат читам ваква книга “Точка на враќање”, книга каде што секој напишан збор ми ја кинеше душата, секоја реченица ја пролеав со солзи, секоја страница ме доведе до состојба да размислам….што е животот, која сум јас, која ми е целта и кои се вистинските луѓе во мојот живот…..борба, животот е борба.
Колку е човекот слаб и суров кон себе кога е оставен сам на себе и кога ништо друго не му е важно освен да биде што подалеку од тоа место наречено болница, па колку и да е тоа неопходно за него. Никогаш до сега не сум подвлекувала реченици во книга, овој пат зедов молив и подвлекував, сакав секоја мисла да ја запомнам, сакав да ви доловам преку некои реченици низ што се поминала авторката, која била пред и после несреќата и која е сега.Но, драги мои…подобро сами да прочитате. Животот може да се смени само додека трепнеме, на подобро, на полошо….Прочитајте ја животната приказна на нашата авторка, нејзината борба, есејот на нејзината ќерка Ана, прочитајте за тоа која е ѕвездата водилка низ тешкиот период на авторката, нејзината желба за живот и процесот на нејзино закрепнување.
“Утре, повторно ќе бидам дел од животот надвор. Дел од она што за мене беше живот пред да ми се подели тој живот на “пред” и “потоа””!
Тоа “утре”дојде ! Билјана е наша надежна авторка која скоро го издаде и своето второ дело.
Само напред лавице, ти посакувам успеси и безброј среќни моменти во животот❣ Си заслужила👏👏👏👏
Моја препорака!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *