Објавено на

Една од книгите кои што не можеш да ги ставиш под шапката на само еден жанр – Ана Маркоска

Што се случува кога бегаме од некого, а несвесно трчаме токму во негов правец?
Што кога сакаме да се искупиме за сопствените грешки со илјада добри дела?
Дали таа една темна дамка која сме ја нанеле некому бледее со тоа што ставаме насмевка на многу други лица?
Или можеби станува уште потемна, а повредениот се заколнал на горчлива одмазда!?
Една од книгите кои што не можеш да ги ставиш под шапката на само еден жанр.
Длабока и болна, сурова и отрезнувачка.
Речиси 500 страници „голнати“ во четири дена.
Ова маестрално дело ќе го паметите по многу детали и во безброј мигови ќе се сетите на него.
Но, најмногу, чекорејќи по снегот, кога ќе Ви закрцка нешто под стапалата. Или кога ќе видите костени на некоја полица. Или исто така костени, но овој пат на некоја забава за Ноќта на Вештерките.
Нема да може да помине тој миг без да Ве потсети, на Човекот од Костени.