Објавено на Остави коментар

Рецензија на Марина Серафимоска за „Единственото сеќавање на Флора Бенкс“ од Емили Бар

Единственото сеќавање на Флора Бенкс – Емили Бар

Дали некогаш сте се прашувале какво е чувството да имате амнезија? Нештата да ги паметите два-три часа, или само еден и потоа не знаете ништо за себе. Како се живее во таа состојба? Како ќе си објасните себеси кој/која сте откако ќе се погледнете во огледало после седум, десет или дваесет години со остарено лице, а во душата сеуште дете? Емили Бар е толку умешна писателка која ќе ве внесе во светот на Флора Бенкс, а со нејзиниот специфичен стил на раскажување ќе направи да се соживеете и да се осетите буквално исто како и ова десет годишно девојче кое е заробено во седумнаесет годишно тело. Станува збор за психолошки трилер кој не пушта да запрете со читање.Откако ја има добиено болеста, убавата Флора само едно единствено сеќавање успева да го задржи во главата, се сеќава дека претходната ноќ го бакнала момчето на својата најдобра пријателка. Тоа сеќавање е главната мотивација за нејзината упорна борба со светот во кој живее. Дали ќе го најде момчето што верува дека ќе ја излечи, одејќи сама замислете дури до Северниот пол, или ќе најде нешто уште поважно за себе?На раката има тетовирано Флора, биди храбра, и Флора е храбра, без оглед на сѐ. Ме фасцинираше нејзиниот ум, за полесно да се потсети си пишува на сопствените раце, насекаде по дома има секакви ливчиња како белешки, со нејзиниот дневник си открива која е таа всушност, а она писмо кое е скриено во нејзиниот градник на крајот нѝ ја решава мистеријата која толку желно ја чекаме.Читајќи, ќе откриете неколку нејзини животни правила кои многу ќе ви се допаднат, и не грижете се ако пропуштите некое, затоа што авторката ги препишала на последните страници на книгата за нас. Исто така ми се допадна тоа што секој лик си има свој *фонт *за пишување што ја прави книгата многу, многу интересна.Трогателна, емотивна и возбудлива, приказна со малку надеж која секогаш е сосем доволна за да се почне пак од почеток.За преведувачот и издавачката куќа Бата прес, имам исто така само пофални зборови. Препорачувам 5/5

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *