Објавено на Остави коментар

„Напнат и непредвидлив до самиот крај. Од мене чиста петка.“ – Сузана Трајковска Перхај

Значи книгава е ОДЛИЧНА. За сите љубители на добри трилери, препорака што поскоро да си ја прочитаат.

ЕВЕ ЈА И МОЈАТА ПРВА РЕЦЕНЗИЈА

Се започнува во 1989 година кога свирепо е убиено едно семејство.

Во денешно време Роса Хартунг е министерка за социјални работи и нејзината ќерка Кристин е исчезната цела година. Иако телото не е пронајдено, фатен е киднаперот кој признава дека ја убил и таа е прогласена за мртва. Почнуваат да се случуваат грозоморни убиства во кои се отстранети делови од телата, дланки и стапала на жртвите. Жртви се мајки, за кои убиецот верува дека не се грижеле доволно за своите деца. На секое место на убиството има оставено по едно човече од костени на кои има отисоци од исчезнатата ќерка на Роса. Каква врска има Роса со убиствата, кој е убиецот и зошто е толку свиреп кон мајките?

Напнат и непредвидлив до самиот крај. Од мене чиста 5-ка.

Сузана Трајковска Перхај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *