Објавено на Остави коментар

„Книгава е страшно добра!“ – Милица Рафајловска Илиеска

„После неколку месечен пост од купување книги се почестив со пакетче од Бата Прес и прва ја решавав Ереб. Досега немам најдено на муабет или рецензија за Ереб. За рецензии не ме бива и иако книгава е предвидена за млади мене многу ми се допадна. Ереб е компјутерска игра која се шири меѓу децата од едно училиште. Сите што ја играат просто се заразени со неа. Ереб ги наградува успешните и послушните, а ги казнува оние другите. За Ереб не смее да се зборува надвор од играта. Ереб те познава, знае се за тебе, знае што сакаш… Ереб како да чита мисли, како да е жива. Книгава е страшно добра, мене ме натера да размислам како навидум безопасни работи можат да те натераат да направиш нешто што инаку не би го направил. Колку сите сме плодно тло за манипулации.“

Куса рецензија на Милица Рафајловска Илиеска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *