Објавено на Остави коментар

Инфлуенсери, време е за книга!

Драги верни љубители на книгата. Оваа статија е за најстрасните и најенергичните читатели што поттикнуваат и мотивираат други луѓе да читаат книги. Доколку си инспиративна личност и љубител на книга те охрабруваме да ја пополниш пристапницата подолу и да добиеш бесплатно книга, во замена за твоето искрено мислење за конкретната книга.

Кои се условите да ја добијам бесплатно, книгата што е препорачана за промоција?

Во зависност од тоа на која социјална мрежа си најактивна/ен, условите се различни. Најважното од сè е да си вистинска/и обожавател/ка на пишаниот збор. Подолу за секоја од социјалните мрежи:

  • Инстаграмер или Букстаграмер: Потребно е да имаш над 1500 следбеници на твојот профил и да имаш претходно споделувано слики или видеа од книги (не е важно од која издавачка куќа)
  • Фејсбук: Да си активна/ен член на книжевните групи Размена на книги и Моја библиотека и таму да пишуваш редовно рецензии.
  • Јутјубер: Да правиш видео рецензии за книги. Овде, не е важен бројот на следбеници.
  • Твитерџија: Да имаш повеќе од 3000 следбеници и да споделиш линк од рецензијата на некој твој блог.
  • Колумнисти, Блогери: Да пишуваш колумни на некој веб портал, списание, весник или во печатено издание.
  • Goodreads рецензии: Многу ни е важна оваа платформа за промовирање на книги. Таму има милиони љубители на книги, и целната група би била силно погодена, доколку пишуваш рецензија на оваа платформа. Затоа, бројот на пријатели или следбеници на оваа платформа не е важен.
  • Тиктокер: Повеќе од 3000 следбеници.

Дали можам да ја добијам која книга сакам?

Не. Ние имаме избор на книги на одреден период што сакаме да се промовираат. Но, те охрабруваме да ни ја препорачаш книгата што ти искрено мислиш дека треба повеќе да ја промовираме. Пиши ни на info@batapress.mk или на нашите фан страници на социјалните мрежи.

Дали сите што ќе ги исполнат условите добиваат книга?

Не. Прво ќе ја разгледаме пристапницата и доколку сметаме дека твојот профил е соодветен за промовирање на нашите книги, ќе ти испратиме книга на твојата адреса.

Дали во замена за мојата рецензија, слика или видео ќе добијам пари?

За жал, не. Ние можеме да ти ја испратиме книгата и многу би сакале да го слушнеме твоето искрено мислење за книгата. Сакаме да го избегнеме пристрасното оценување на книгите. Поради тоа, единственото нешто што ќе го добиеш е книгата, што ќе ја промовираш, во замена за твоето искрено мислење. Дали е доволно фер?! 😀

Дали може да напишам негативна критика, доколку не ми се допадне книгата?

Да! Апсолутно. И негативните критики се добредојдени. Секако, доколку се искрени и конструктивни.

Моментално можеш да побараш некоја следниве книги:

ПРИЈАВА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *