Саемот на книгата во Скопје, поради ситуацијата со Корона вирусот за првпат ќе се одржи на отворено под шатори. Под сите запазени протоколи, ве очекуваме на нашиот штанд кој што е веднаш на влезот од саемската манифестација. Се надеваме на успешен саем, а за тоа ќе бидат неопходни нашите верни читатели и љубителите на книгата. Секоја година, некако се навикнавме да носиме по еден екслузивен автор од странство. Оваа година таа можност за жал е ограничена. Но, затоа во сабота, 14:00 ќе одржиме промоција на ништо помалку екслузивната македонска авторка Билјана Мартиновска и нејзината книга што со молскавична брзина ги освои македонските читатели, „Куќата со жолта фасада“.
Во прилог саемскиот каталог.