Објавено на Остави коментар

Рецензија на Елена Филипоска за книгата „Куќата со жолта фасада“

Изминатава недела престојував во оваа убава “куќа”. 🏠

Уште пред да ја почнам книгава, очекував убава приказна, но како што напредував со читање, така сфаќав дека оваа книга ги надмина моите очекувања. И тоа многу.

Преубава книга за љубовта, и тоа во секој облик. Љубов на една жена кон својот избраник; љубов на една мајка кон своето чедо; љубов на детето кон својата мајка; пријателска љубов, но и болка… Толку многу болка, што дури и се прашуваме колку болка може да поднесе човековото срце.

Додека ја читав книгава, ми дојде една мисла т.е. нешто како заклучок, дека ова е едно книжевно дело во кое се собрани многу животни мудрости.
На моменти мораше да ја оставам и да здивнам од јачината на емоциите, толку моќно и сликовито прикажани.
Едноставно сочувствувате со ликовите, и нивната болка е и ваша болка, а нивната радост е и ваша радост.

Верувам дека долго ќе ја паметам оваа книга, а на сите кои сѐ уште ја немате прочитано, топло ви ја препорачувам.

Издание е на Бата прес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *