Објавено на Остави коментар

Објавени две книги за античкиот јунак Херкулес

Објавени се две книги – биографија за античкиот јунак Херкулес во издание на „Бата прес“. Авторот Слободан Ивановиќ, кој твори под уметничкото име Слоба Ивановиќ Сан, во првата книга „Херкулес ‒ раѓањето на една легенда“ го опишува детството, младоста и созревањето на Херкулес, кој минува низ многубројни тешки случки, во кои ја открива својата натчовечка сила. Младоста ја минува во дивина, во подножјето на планината Олимп, каде што од своите учители добива знаења и борбени вештини и ја доживува првата љубов со преубавата Лина ‒ сестрата на Орфеј. И во вториот дел на животописот за митскиот јунак Херкулес, под наслов „Херкулес ‒ пат во бесмртност“, авторот Слоба Ивановиќ Сан на мајсторски начин продолжува да ги опишува многубројните животни и љубовни авантури на главниот јунак. – Оваа по малку хумористички обработена биографија за Херкулес, во која авторот ги опишува и бурните љубовни доживувања на главниот јунак, е прво дело на нашите простори кое е напишано така што по бројните филмови и телевизиски серии, може да биде пријатно и невообичаено книжевно видување на познатиот мит за античкиот јунак, соопшти „Бата прес“. Книгите, со поддршка на Министерството за култура, се објавени на српски јазик, мајчиниот јазик на авторот Слоба Ивановиќ Сан, под наслов „Херкулес ‒ раѓање једне легенде“ и „Херкулес ‒ пут у бесмртност“. Книгите деновиве првпат ќе бидат претставени на Белградскиот саем на книгата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *