Гордана Каракашевска

Гордана Каракашевска е родена во Пехчево на 31.1.1973 г. Основно училиште учела во Пехчево, а подоцна школувањето го продолжила во Скопје и тоа е период на нејзините литературни почетоци кога објавила повеќе песни во списанијата и литературните додатоци на дневните весници како што се „Колибри“ и „Лик“ во весникот „Нова Македонија“. Уште како мала покажувала склоност кон уметноста, особено сликарството и литературата. Пишува од својата тринаесетгодишна возраст, кога активно учествувала на регионални натпревари по уметност и литература. Иако не ја избрала уметноста како професионална определба, таа никогаш не престанала да го усовршува својот уметнички израз. Таа е учесничка на многубројни, домашни и меѓународни натпревари со многу забележителни резултати.
Живее, работи и твори во Скопје, со исклучок на неколку години од нејзиниот живот кога живела и творела во Торино, Италија, и тие ќе остават длабока трага врз неа како креативна личност и уметница.
Пишува песни и раскази на македонски, италијански, српски и на англиски јазик. Нејзините песни се преведени на други јазици и објавени во домашни и меѓународни литературни групи, онлајн списанија, како и антологии во печатена и онлајн форма во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Велика Британија, Чиле, Индија, Индонезија, Италија и Албанија.
Таа е автор на стихозбирката: „Скршен поет и други поеми“ (2021), книгата раскази „Сињор Џордано, размислувањата за …“ (2021), романот „Разголување“ (2021) и стихозбирките „Куќа од хартија“ (2022) и „Патот на водата“ (2023).
Настапувала на повеќе меѓународни поетски фестивали во земјата и странство и е добитничка на многу награди за својата кратка проза и поезија. Застапена е во антологиите на современата македонска поезија. Објавува во периодиката на списанијата за книжевност, литература и култура.
Прикажан е еден резултат
-
10% во поени
Сè на овој свет
Попуст!430 денOriginal price was: 430 ден.300 денCurrent price is: 300 ден. Нарачај
Прикажан е еден резултат