
Драги читатели и пријатели,
Чест и задоволство ни е да ви ја пренесеме убавата вест – ја отворивме првата книжарница на издавачката куќа „Бата прес“! Се наоѓа во деловниот центар „Алуминка“, на бул. „Партизански одреди“ број 70, локал 9, во Карпош 3, во близина на „Сити мол“ и „Лептокарија“.
Во нашата мала, но симпатична книжарница, можете да ги видите, разгледате и купите исклучиво книгите објавени од „Бата прес“ – книги од други издавачи нема да најдете кај нас. Од нашата прва книга „Македонска бизнис елита“ во 1996 година, па сè до денес, имаме објавено речиси 500 наслови. После триесет години работа во издаваштвото, решивме да направиме уште еден чекор напред и да го отвориме нашиот прв продажен салон.
Книжарницата е отворена од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот, и срдечно ве каниме да нè посетите кога ќе ви дозволи времето. Без разлика дали сте наш верен читател, библиотека или медиум, ќе ни биде драго да ве пречекаме!
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ја поддржувате нашата работа!
Срдечен поздрав,
„Бата прес“

